Земете ги вашите билети TOTEM™ за Европа на cirquedusoleil.com/TOTEM
Panasonic Evolta

Правила

ЧЛЕН 1
Бесплатен натпревар без обврски за купување се организира од Panasonic Energy Europe NV, Brusselsesteenweg 502, 1731 Zellik, Belgium, од 10 часот наутро во Четврток на 25.04.2019 година, до четврток, 31.12.2019 (CET). Може да учествувате во овој натпревар со користење на друга веб-страница (cirquedusoleil.panasonic-batteries.com).

ЧЛЕН 2
Натпреварот е отворен за возрасни со наполнети осумнаесет години и повеќе (или помлади лица со дозвола од родител) кои живеат во Европа, со исклучок на оние кои работат за Panasonic Energy Europe NV и вработените во центарот што го координира натпреварот, заедно со нивните семејства ( до и вклучувајќи ја првата генерација). Panasonic Energy Europe NV има право да исклучи лице од учеството во кое било време (и без да има потреба да дава објаснување) за одредено време во текот на натпреварувањето организирано од Panasonic Energy Europe NV врз основа на нивниот прекршок – или под сомневање за прекршок на – едно од правилата и условите за учество, или во случај на злоупотреба, престап или измамничко учество во натпреварот. Учество во натпреварот на организиран начин и/или како група ќе се смета за измама и автоматски ќе доведе до исклучување. Со ова ве известуваме дека Panasonic Energy Europe NV има имплементирано одредени мерки против измамничко однесување, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на откривање на работи, како што е обилната употреба на една единствена IP адреса.

ЧЛЕН 3
За да учествуваат, учесниците мора да ја следат постапката како што е наведена на веб-страницата (cirquedusoleil.panasonic-batteries.com) и да се регистрираат со користење на важечка адреса за е-пошта. Не постои друг начин да се учествува во овој натпревар освен така како што е наведено во овие правила. Сите нецелосни или нечитливи регистрации ќе се сметаат за неважечки.

ЧЛЕН 4
За да учествувате во натпреварот, мора да го пополните следниот прашалник со важечки детали и во целост и да го поднесете преку веб-страницата (cirquedusoleil.panasonic-batteries.com):

ЧЛЕН 5
Победниците се:

Како дел од ова натпреварување ќе бидат доделени следните награди*:

Пет учесници од Европа кои се најблизу до предвидувањето на тајбрејкер 2 во седмицата во која учествувале (секоја започнува од понеделник 00.01 наутро до недела 11.59 навечер) ќе освојат еден од следните Panasonic апарати (во редослед според најдобриот од петте најдобри предвидувања): 

Во случај кога е изедначено, учесникот што прв го внел неговиот/нејзиниот одговор ќе биде победник.

Во текот на играта, луѓето може да учествуваат само еднаш, со 1 важечка адреса на е-пошта. Учесниците може да освојат најмногу една награда. Ако се најблиску до прогнозата за тајбрејкер 2 во седмицата кога учествуваат, учесниците може да добијат утешна награда. Сите учесници, освен неделните 5 победници, ќе учествуваат во изборот на победник на крајот од натпреварот. 

Имајте предвид дека: 

Cirque du Soleil е заштитен знак во сопственост на Cirque du Soleil и се користи под лиценца. Билетите не може да бидат препродадени. Билетите подлежат на различни одредби и услови. Секој учесник во овој натпревар и гостин на секој победник со ова неотповикливо се откажува од сите барања против Cirque du Soleil Holdings L.P., сите нејзини подружници, филијали, акционери и секој од нивните службеници, директори, агенти, претставници и вработени (колективно, “Циркуските Ентитети”) и ги ослободува од секоја и од секаква одговорност или штета од кој било вид (вклучувајќи и лична повреда) што резултира или произлегува од неговото/нејзиното учество во натпреварот. Секој учесник и гостинот на секој победник се согласува дека Циркуските Ентитети нема да имаат никаква обврзаност или одговорност за какво било побарување кое произлегува во врска со учеството во овој натпревар или наградата/наградите што се доделува/ат.  Циркуските Ентитети не го понудиле ниту спонзорирале овој натпревар на кој било начин.

ЧЛЕН 6
Panasonic Energy Europe NV ќе ги контактира петте победници на неделата со е-пошта секогаш во вторник по седмицата на нивното учество, и ќе ги праша да ја потврдат нивната адреса секогаш пред петокот од седмицата што следи по нивното учество. Петте победници се пет лица со најблиска прогноза за тајбрејкер 2, додека редоследот на наградите од 1 (= најдобра прогноза) до (5 = петта најдобра порогноза) е следната: компакт камера, соковник, слушалки, апарат за бричење/шишање, електрична четка за заби.

Panasonic Energy Europe NV ќе го контактира добитникот на главната награда преку е-пошта пред петок, 31 јануари 2020, и ќе побара да ја потврди неговата/нејзината адреса и телефонски број пред 14 февруари 2020 година. 

Доколку не ги дадете тие детали, наградата ќе биде повлечена. Panasonic Energy Europe NV го задржува правото да го провери идентитетот и потребната минимална возраст за да може да ја додели наградата. Ако добитниците не потврдат дека ја прифаќаат наградата во дадениот рок, тогаш Panasonic Energy Europe NV има право да избере друг победник и да ја додели наградата на тоа лице.

ЧЛЕН 7
Наградите не може да се делат и мора да се прифатат какви што се. Наградите може да им се доделат само на победниците и не може да се префрлат на други. Победниците немаат право да ја бараат готовинската вредност на конкретните награди, ниту пак можат да ги сменат наградите за нешто друго. Победниците ќе ги добијат своите награди по пошта откако ќе ја потврдат нивната официјална адреса.

ЧЛЕН 8
Panasonic Energy Europe NV нема да биде обврзан да надокнадува, рефундира или да заменува за готовина какви било губења или кражба. Апсолутно не доаѓа во предвид никаков договор за готовинска исплата. Panasonic Energy Europe NV може да ги замени понудените награди со такви со слична или поголема вредност, доколку тоа биде потребно поради причини на достапност. Panasonic Energy Europe NV го задржува правото да постапи на тој начин.

ЧЛЕН 9
Panasonic Energy Europe NV не дава и не нуди гаранции за наградите и нема да биде одговорен за:

Дополнително, секој учесник што ќе се обиде да го загрози соодветниот напредок на натпреварувањето ќе биде исклучен од учество.

ЧЛЕН 10
Сите трошоци настанати од учеството во натпреварот ќе бидат во целост подмирени од страна на учесникот. Под никакви околности учесниците не може да ги бараат трошоците за учество од организаторот.

ЧЛЕН 11
Panasonic Energy Europe NV го задржува правото да ги измени правилата на натпреварот без претходно известување, или да го скрати или откаже натпреварот доколку тоа е потребно поради непредвидени околности или околности надвор од негова контрола. Под никакви околности таквите настани нема да оправдаат какви било барања против Panasonic Energy Europe NV.

ЧЛЕН 12
Со учествување во овој натпревар, вие потполно се согласувате да ги прифатите сите правила во целост. Во случај на какви било практични тешкотии, Panasonic Energy Europe NV ќе ја донесе конечната одлука во врска со примената или толкувањето на правилата. Сите приговори во врска со ова натпреварување, мора да се направат писмено во рок од седум работни дена и да се испратат до главното седиште на Panasonic Energy Europe NV (Brusselsesteenweg 502, 1731 Зелик, Белгија). Под никакви околности жалбите нема да се дискутираат лице в лице или по телефон. Жалбите што нема да бидат поднесени во рамките на определеното време нема да се разгледуваат.

ЧЛЕН 13
Со учеството во натпреварот, се согласувате дека сите лични информации што ги давате може да се чуваат и користат од страна на Panasonic Energy Europe NV Brusselsesteenweg 502, 1731 Зелик, Белгија и од следнава трета страна како нивни добавувач за администрирање на натпреварот во согласност со релевантната политика за приватност:

ARK BBN, Gelaagstraat 53a, 9150 Rupelmonde, Belgium  

ЧЛЕН 14
Овие правила се регулирани со белгиското законодавство. Судовите во Белгија ја имаат единствената надлежност да решаваат какви било спорови што можат да произлезат од овој натпревар.

ЧЛЕН 15
На сите прашања за овој натпревар ќе се одговара само писмено.

ЧЛЕН 16
Победниците се согласуваат да учествуваат во секаков вид на рекламирање или промоции поврзани со доделувањето на нивните награди.

ЧЛЕН 17
Детали за кои се смета дека се или ирелевантни за темата на натпреварувањето или несоодветни нема да се сметаат за квалификувани за натпреварот. Panasonic Energy Europe NV го има последниот збор во однос на одредувањето дали доставеното може да се користи за натпреварот. Учесниците нема да бидат информирани доколку се отстранат од натпреварот.

TOTEM™, Cirque du Soleil и Sun Logo се заштитени знаци во сопственост на Cirque du Soleil и се користат под лиценца.
Фотографија: OSA images, Matt Beard, © 2010-2012-2013-2014 Cirque du Soleil